Свет
26. November 2015 - 12:08

Убиен Палестинец кој со нож нападна израелски граничари

Израелската полиција денеска соопшти дека е убиен Палестинец кој се обидел да изврши напад со нож врз израелски граничари на Западниот брег, јавуваат француските медиуми.

Напаѓачот излегол од својот автомобил на контролен пункт и се затрчал кон граничарите, кои кон него отвориле оган.

Претходно 21-годишен Палестинец беше застрелан со куршум во глава при судир со израелски војници во село западно од Ерусалим.

Од 1 октомври во напади со ладно оружје, судири со силите на редот и насилство меѓу Палестинците и со израелските доселеници загинаа вкупно 95 Палестинци (меѓу нив и еден израелски арап), 17 Израелци, еден Американец и еден Еритреец.

Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон денеска на радио соопшти дека израелските сили за безбедност во последните два месеца уапсиле над 800 Палестинци.