Македонија
6. May 2017 - 17:16

Убиен градоначалникот на Боговиње, убиецот се самоуби

Вербална расправија е причината за убиството на градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи. Во него пукал 53 годишен жител на Боговоње.. Убиството се случило претпладево пред 11 часот.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, убиството на Идризи се случило во угостителски објект непосредно до општинската зграда.

Од Основното јавно обвинителство велат дека осомничениот 53 годишен Ќ.А инаку поранешен вработен во локалната самоуправа на Боговиње, го паркирал своето возило во непосредна близина на Општината и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот. По кратка расправија со првиот човек на општината, осомичениот со пиштол испукал неколку куршуми кон градоначалникот и го напуштил местото. По ова тој се упатил кон својот дом каде се обидел да си го одземе животот. Со истиот пиштол со кој пукал кон градоначалникот, испукал и еден куршум во главата.

Со возила на итната медицинска помош, двајцата биле пренесени во тетовската болница. Поради сериозните повреди, лекарите само ја констатирале смртта на градоначалникот на Боговиње. Осомниченот кој пукал во него е транспортиран на скопските клиники но и тој им подлегнал на повредите.

На местото на настанот е напревен увид од полицијата и Јавен обвинител, а по негово барање телото на Идризи е предадено на обдукција. Од Основното јавно обвинителство велат дека се собираат траги и доказен материјал од местото на настанот а издадена е наредба и за криминалистичко-техничко вештачење.

Инаку убиството на градоначалникот на Боговиње го осуди Демократската унија за интеграција. Партијата побара надлежните институции да ги расфетлат мотивите за убиството на Идризи за кое истакнуваат дека не било испровоцирано.