Балкан
7. December 2015 - 20:48

Убиен еден од основачите на терористичката организација ОВК!

Назми Ајети, еден од основачите на ОВК е убиен минатата ноќ во селот Милошево кај Обилиќ, во Косово. Ајети бил во илегала, а убиен е со огнено оружје во расправија со пријател, пренесува Газета Блиц.

Тој им подлегнал на повредите во Клиничката болница во Приштина.

Личноста осомничена за убиството е идентификувана и се наоѓа во бегство, соопштува Косовската полиција.

Ајети беше еден од основачите на терористичката организација ОВК. Тој пред да се вклучи во борбените активности, престојувал во Швајцарија, од каде ги снабдувал терористите со пари и оружје, а коинциденција е тоа што и Али Ахмети во тој период живеел во Швајцарија.