Македонија
14. September 2017 - 14:07

Убиецот на младиот Македонец во Мелбурн на сослушување во суд

Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во саботата во ресторан во западниот дел на Мелбурн. Димовски бил неколку пати прободен со нож за време на една тепачка во ресторанот „Корзо".

На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението и за убиство и кражби.

Дени ДимовскиСпоред полицијата Новаковиќ со уште неколку лица упаднале во ресторанот за време на приватна забава по што настанала тепачка во која настрада Димовски.

Австралиските медиуми јавуваат дека Новаковиќ за време на краткото сослушување бил смирен и не побарал ослободување од притворот со кауција. Тој ќе остане во притвор сѐ до рочиштето закажано за 12 февруари наредната година.