Кошарка
16. September 2018 - 20:19

Убедливо совладана Романија

Нашите најдобри кошаркари  убедливо со 90-76 го добија мечот од Б-дивизијата со Романија и се на пат да го освојат првото место во групата.
Против Романците одигравме солидна партија во повеќе сегменти што во неколку наврати ни донесе убедлива предност од 15 поени.
Трајковски и Војдан Стојановски беа најфеикасни со по 21 поен, Ричард Хендрикс даде 14 поени, додека Костоски заврши со 13 поени. Кај Романците, Гиордан Ватсон даде 17 поени.