Фудбал
4. July 2020 - 12:07

Убедливо совладана Мајорка

Убедлива победа на Атлетико Мадрид од 3-0 во дуелот со немоќната Мајорка.

Тимот на Диего Симеоне одигра комплетно задоволително прво полувреме, во кое практично го „скршија“ ривалот.
 
Домашните фудбалери постигнаа два гола во првите 45 минути преку Алваро Мората, а со голот на  Коке стави точка на мечот.
Со оваа победа „јорганџиите“ го продолжуваат походот на третата позиција во шпанското првенство.