Спорт плус
12. January 2016 - 21:46

Убедливи победи на Србија и Хрватска на ЕП во ватерполо

 Ватерполо репрезентациите на Србија и Хрватска ја потврдија фаворитката улога во дуелите со Малта односно Франција, на дуелите одиграни вечерва на Европскиот шампионат во Белград.
 
Во дуелите од 2.коло на Б групата, домаќинот и актуелен европски првак Србија со 20:2 ја победи Малта, а Хрватска славеше над Франција со 20:5.
 
Во дуелите од Б групата, Холандија славеше минимална победа над Словачка со 6:5, додека Црна Гора и Шпанија одиграа без победник 8:8.
 
А група - табела: Црна Гора 4 бодови, Шпанија 4, Холандија 3 и Словачка 0.
 
Б група - табела: Србија 6, Хрватска 3, Франција 3 и Малта 0.
 
Утре ќе се играат натпреварите од 2.коло во Ц и Д групите во машка, односно средбите од 3.коло во А групата во женска конкуренција.