Loading Video...
Кошарка
12. January 2019 - 16:36

Убедливи победи на Голден Стејт и Хјустон

Шампионот Голден Стејт и екипата на Хјустон ги забележаа најубедливите победи на синоќешните дуели одиграни во НБА лигата. 
 
„Воините“ предводени од Томсон со 30, Кари кој постигна поен помалку и Дурант кој броеше до 22 поени, славеа триумф над Чикаго со 149-109. 
 
Џејмс Харден имаше трипл-дабл за Хјустон во победата над Кливленд со 141-113. Популарната „брада“ средбата ја заврши со 43 поени, 12 асистенции и 10 скокови. 
 
Од фаворитите победа оствари и лидерот во Источната конференција, Торното совладувајќи го Бруклин со 122-105, додека второ рангираниот Милвоки загуби на гостувањето кај Вашингтон со 113-106