Кошарка
17. April 2019 - 16:18

Убедливи победи на Фенербахче и ЦСКА во првите четвртфинални

 
 
 
Екипите на Фенербахче и ЦСКА Москва забележаа убедливи победи во првите четвртфинални дуели од плејофот на кошаркарската Евролига. 
 
Фенербахче со дури 33 поени разлика (76-43) го победи Жалгирис и поведе со 1:0 во серијата подобар до три победи. 
 
До предност од 1:0 во победи стигна и московска ЦСКА која со 94-68 славеше во пресметката со шпанската Басконија. Вторите натпревари повторно ќе се играат во Истанбул и Москва веќе утре. 
 
За денеска закажани се првите дуели меѓу Анадолу Ефес и Барселона, односно Реал Мадрид и Панатинаикос. 
 
Пласман на завршниот фајнал-фор во Виторија ќе обезбедат екипите кои први ќе остварат три победи