Loading Video...
Фудбал
23. October 2021 - 17:54

Убедливи победи на Баерн и Борусија Дортмунд

Во Бундес лигата каде на програмата е 9-тото коло, фаворитите немаа проблеми. 
 
Лидерот на табелата и актуелен шампион минхенски Баерн пред својата публика со убедливи 4-0 го победи Хофенхајм.
 
Второ рангираната Борусија Дортмунд славеше на гости во Билефелд против Арминија со 3-1. 
 
Така разлика меѓу овие два тима остана само еден бод, Баерн има 22, а Борусија 21 бод, додека Фрајбург кој славеше против Волфсбург на гости со 2-0 сега е трето пласиран со 19 бодови.