Фудбал
16. October 2016 - 14:13

Убедливи победи фаворитите за титулата

 Убедливи победи со четири, пет и шест голови разлика забележаа екипите кои важат за најголеми фаворити за освојување на шампионскиот трофеј во Шпанското фудбалско првенство.
 
Највисок триумф оствари лидерот Атлетико Мадрид, Барселона победи без примен гол, додека Реал Мадрид ја прекина серијата од четири натпревари без победа.
 
Три бода освои и Севиља која го комплетира водечкиот квартет на врвот на табелата.
 
Резултати на досега завршените натпревари од 8.коло во Примера:
 
Лас Палмас – Еспањол 0:0,
Леганес – Севиља 2:3,
Барселона – Ла Коруња 4:0,
Атлетико Мадрид – Гранада 7:1 и
Бетис – Реал Мадрид 1:6.
 
Четири натпревари на програмата се закажани за денес:
 
Алавес – Малага,
Атлетик Билбао – Сосиедад,
Спортинг Хихон – Вачленсија и 
Виљареал – Селта Виго.
 
Последниот меч од осмата рунда е утре меѓу екипите на Еибар и Осасуна.
 
Табела: Атлетико Мадрид 18 бодови, Реал Мадрид 18, Севиља 17, Барселона 16, Виљареал 13,.