Loading Video...
Фудбал
16. October 2018 - 16:23

Убедлива победа над Гибралтар за крај на неуспешните квалификации на младите македонски фудбалери

Младата фудбалска репрезентација на Македонија со убедлива победа со 6:1 над Гибралтар го заврши квалификацискиот европски циклус на претпоследното место.   
 
Во убедливиот триумф  „хет-трик“ оствари Димитар Митровски постигнувајќи три гола, а во листата на стрелци се запишаа и Руфати, Здравковски и Ѓорѓев. 
 
Сепак со само две победи, еден нерешен резултат и дури седум порази, младите македонски фудбалери на крајот завршија на претпоследното петто место во групата 7. 
 
Овој триумф неможе да ги покрие лошите настапи и резултати во текот на овие квалификации, во кои нашата јавност очекуваше многу повеќе, особено по минатогодишниот успех на генерацијата која за прв пат беше дел од завршницата на едно големо натпреварување како што е Европското првенство