Кошарка
5. May 2022 - 20:12

Убедлива победа на МЗТ Скопје во дербито со Пелистер

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа убедливо со 95-76 во дербитот со Пелисер и сега го делат првото место на табелата со ист број бодови. 

Од самиот почеток на средбата домашните го диктираа темпото и потврдија дека формата им е во нагорна линија.  Металците ги добија убедливо првите три четвртини и во последниот период влегоа со повеќе од 20 поени разлика. 
Најдобар кај МЗТ Скопје беше Милошевиќ со 17 поени и девет скока, пред Дејвис со 16 поени, додека Рикиќ постигна 13 поени, а кај Пелистер, Малешевиќ имаше 17 поени, пред Кесар кој се разигра во финишот кога мечот веќе беше решен и впиша 15 поени и шест скока.