Loading Video...
Спорт плус
30. December 2018 - 15:36

Убедлива победа на македонските одбојкари против Албанија

 
 
 
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија се подготвува за претстојните два натпревари во квалификациите за Европскиот шампионат 2019-та година. 
 
Како дел од подготовките црвено-жолтите имаат и два контролни натпревари против Албанија.
 
Првиот кој се одигра вчеравечер, а беше од затворен карактер нашите одбојкари го добија убедливо и тоа не во три туку четири сета со 4:0 по сетови 25:23, 25.17, 26:24, 25.17. 
 
Вечерва одвие две селекции ќе го одиграат и вториот пријателски меч и тоа во СЦ Кале со почеток од 20 часот. 
 
Завршните две средби од квалификациите за континенталниот собир Македонија ќе ги игра на  5 јануари на гости кај Украина, а на 9 јануари кога во Скопје ќе  бидеме домаќини на Унгарија.