Тенис
9. January 2016 - 17:48

Убедлива победа на Ѓоковиќ во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра брилјантно финале во Доха со што го освои првиот турнир во Новата Година. 

Најдобриот светски тенисер во два сета со 6-1 и 6-2 го совлада Шпанецот Рафаел Надал со што успеа да направи пресврт во меѓусебните дуели со 24 победи и 23 порази. 
Ѓоковиќ кој го одигра 16-тото финале во серија до победата дојде со уверлива игра и дури 30 винера не дозволувајќи му на Шпанецот да се врати во игра во ниту еден момент. 
Ова на Ѓоковиќ воедно му е прв триумф во Доха и 60-ти освоен АТП турнир.