Loading Video...
Фудбал
11. July 2018 - 9:50

Убедлив триумф на Шкендија над ТНС во првиот меч од квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак Шкендија забележа убедлива победа со 5-0 над велшкиот тим ТНС во првиот натпревар од првото квалификацско коло за Лигата на шампионите, со што тетовци само рутинирано треба да го одработат реваншот на гостински терен. 
 
Бесарт Ибраими беше најзаслужен за овој убедлив триумф постигнувајќи четири од петте голови, отаако уште во 14-тата првиот гол на мечот го постигна Изаир Емини
 
Реваншот во Велс е закажан на 17 јули со почеток од 20 часот, но уште од сега Шкендија може да размислува за противникот во следното коло во кое ќе игра против  подобриот од двомечот помеѓу Торпедо Кутаиши (Грузија) и Шериф Тираспол (Молдавија), чиј прв дуел заврши со победа на грузискиот тим со 2:1