Loading Video...
Фудбал
12. August 2018 - 18:18

Убедлив старт на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул ја најавија кандидатурата за шампионскиот трофеј кој долго го сонуваат во Премиер лигата со убедлива победа против Вест Хем од 4-0.

                Популарните Редс ја најавија победата со погодокот на Салах  во 19м.  Дека гостите нема што да бараат на оваа средба потврди Садио Мане кој во последните минути од првиот дел зголеми на 2-0 а истиот игра во  продолжението  и по вторпат се запиша во листата на стрелците.

                Интересно последниот погодок го постигна  Стариџ  по само неколку  секунди по влегувањето во игра.