Loading Video...
Фудбал
9. May 2018 - 18:49

Убедлив пораз на Пелистер на гостувањето кај Шкупи

Шкупи убедливо со 5-2 го победи Пелистер, во заостанат натпревар во ПМФЛ 
 
На средбата одиграна попладнево на стадионот во скопската населба Чаир, а која е заостаната од 26.коло, беа постигнати дури седум гола,  а дури пет од нив беа во мрежата на Пелистер. 
 
Серијата за домаќините ја отвори Ален Јашаровски во 5.минута, а Баже Илијоски оствари хет-три постигнувајќи три гола, додека последниот беше дели на Бунјамин Шабани . 
 
За гостите погодија, Петар Љамчевски и Ристе Маркоски од пенал. 
 
Со новите три бода Шкупи си обезбеди пласман во прволигашката конкуренција и следната сезона, додека Пелистер заедно со Победа и Скопје ќе се борат за осмото место на табелата носи плејоф дуел за опстанок
 
До крајот на првенството остануваат уште четири кола, а следното 34-то на програмата е веќе во недела. 
 

 

ТАБЕЛА:

 

 

Тим

Коло

Поб

Нер

Пор

Г.Р.

Бодови

1

ШКЕНДИЈА

33

26

4

3

65

82

2

ВАРДАР

33

15

8

10

15

53

3

СИЛЕКС

33

12

10

11

-7

46

4

РАБОТНИЧКИ

33

12

9

12

5

45

5

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

33

10

12

11

-1

42

6

РЕНОВА

33

10

11

12

-10

41

7

ШКУПИ

32

9

12

11

-6

39

8

СКОПЈЕ

33

6

14

13

-17

32

9

ПОБЕДА

33

8

8

17

-21

32

10

ПЕЛИСТЕР

32

7

10

15

-23

31