Кошарка
23. July 2021 - 10:16

Убедлив пораз на македонските кадети од хрватската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 година загуби од соодветната хрватска селекција со 98:47 на првиот пријателски натпревар одигран вчера во Дарувар.

Андреј Шошкиќ со 16 и Марко Лукановски со 14 постигнати поени беа најефикасни помеѓу избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.

Двете селекции денес од 18 часот ќе одиграат уште еден натпревар, исто така во Дарувар.