Loading Video...
Ракомет
15. July 2019 - 18:16

Убедлив почеток на македонските ракометарки на ЕХФ Шампионатот

 
 
Женската ракометна селекција на Македонија со победа го започна својот настап на ЕХФ Шампионатот за ракометарки до 19 години, што се одржува во Клеипеда, Литванија. 
 
Во рамките од воведното коло црвено-жолтите убедливо ја победија Грузија со 29-15 полувреме 11-4
 
Најефикасна во нашата селекција беше Марија Тасевска со пет голови, а еден помалку постигнаа Седлоска и Смајлоска
 
Ова е дуел од Б групата во која вечерва ќе играат  Швајцарија и домаќинот Литванија, селекции против кои нашите ракометраки редоследно ќе играат утре и  во среда.
 
Во групата А селекцијата на Чешка убедливо со 33-25 славеше над Фарски Острови, 
додека Турција со 28-24 го победи Косово. 
 
Првопласираните две селекции од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето на 20 јули, додека финалето ќе се игра ден подоцна (21 јули).