Џет-Сет
15. January 2018 - 10:23

Убавината не е случајна: Еве од кого ја наследија познатите манекенки Бела и Џиџи Хадид

Манекенките Џиџи и Бела Хадид на големо го освоија светот.

Нивната мајка Јоланда е вистинска убавица, а а посебно врвно изгледала во младоста.

Госпоѓа Хадид неодамна наполни 53 години, а нејзината ќерка Бела покажа каква бомба била своевремено нивната мајка. На сликата се гледа младата Јоланда како ги гушка ќерките Бела и Џиџи.

Јоланда Хадид инаку е поранешна манекенка и реалити ѕвезда. Родум е од Холандија, а во брак до Мохамед Хадид, таткото на Бела и Џиџи,  беше од 1994 го 2000 година. Беше и во брак со канадскиот бизнисмен Дејвид Фостер од 2011 до 2017 година. Има три деца, ќерките Бела и Џиџи и синот Анвар кој се занимава со манекенство како и неговите сестри.