Македонија
1. April 2016 - 8:13

Убав сончев и топол ден

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источите делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време. Во сабота ќе биде најтопло, а во недела со зголемената облачност и јужниот ветер температурите малку ќе опаднат. Утринските температури во следниот период ќе бидат позитивни.