Македонија
18. јуни 2019 - 11:29

Уапсено момче на скопскиот аеродром

Апсење на скопскиот аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 12.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека А.Т.(19) од Витина-Косово приложил туѓа патна исправа. Лицето било приведено за понатамошна постапка.