Македонија
16. May 2021 - 12:09

Уапсено лице на ГП Табановце кое се барало за издржување затворска казна

На 15.05.2021 во 12.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен Ф.К.(39) од Охрид, затоа се наоѓал на СТОП-листа за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 300 став 2, а во врска со член 297 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во СВР Куманово, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.