Македонија
6. July 2021 - 11:37

Уапсено лице на ГП „Стар Дојран“ барано со меѓународна потерница

На 05.07.2021 во 19.25 часот на Граничен премин „Стар Дојран“ од полициски службенци е лишен од слобода З.Н.(50) од Струмица, бидејќи по извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека се бара од Сектор за меѓународна полициска соработка при МВР, а по наредба на Јавен обвинител Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 244-а од Кривичниот законик.

Лицето е предадено на полициски службеници од ОВР Валандово за понатамошна постапка.