Македонија
16. August 2020 - 17:28

Уапсено 24-годишно момче - во казино пуштил во промет фалсификувани 100 евра

24-годишник од Македонска Каменица е уапсен поради тоа што во казино играл со фалсификувани пари.

-Вчера во Македонска Каменица бил лишен од слобода Д.А.(24) од Македонска Каменица, бидејќи во казино во Македонска Каменица пуштил во промет фалсификувана банкнота од 100 евра. Според пријавеното во Полициското одделение Македонска Каменица, Д.А. дошол во казиното и од вработената побарал да му ги замени еврата за денари, а откако си заминал таа забележала дека еврата се фалсификувани, се вели во полицискиот билтен.

 По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.