Балкан
18. March 2016 - 13:53

Уапсените по гаќи, полицијата апсеше за корупција и перење пари

Според првичните наоди, уаспени се пет лица кои се сомничат дека од 2009 година до денеска извршиле повеќе кривични дела перење пари.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека се уапсени вкупно 46 лица осомничени за стопански криминал и перење пари.

Во акцијата „скенер“ уаспени се и 15 припадници на белградската сообраќајна полиција, кои извршиле кривично дело примање мито, со што направиле материјална штета од 3 милиони динари.

Според овие сознанија, објавено е дека е уапсен и судија за прекршоци во Гуча заради примање мито, како и слижбеничка на пензискиот фонд која впишувала фиктивен работен стаж на одредени граѓани со што е оштетен буџетот за 4,5 милиони динари.

Стефановиќ рече дека борбата против корупцијата е многу важна и дека полицијата ќе покаже дали сите кои го направиле тоа ќе бидат санкционирани и ќе поднесат одговорност. Уапсените се товарат дека го оштетиле буџетот на Република Србија, на Автономната Покраина Војводина и на повеќе општини во Србија за 7 милиони евра.