Свет
29. November 2017 - 18:58

Уапсените каталонски министри можно е да бидат пуштени на слобода

Судија од Врховниот суд на Шпанија има намера да го преиспита налогот за апсења на осуммината разрешени членови на каталонската Влада и двајцата активисти за независност од Каталонија.

Шпанскиот суд соопшти дека судијата ги повикал уапсените да се појават пред него в петок, а уапсените се надеваат дека ќе бидат ослободени за да можат да учествуаат на претстојните регионални избори што ќе бидат одржани на 21 декември. 

Поранешните каталонски министри, кои беа уапсени на 2 ноември, се соочуваат со обвиненија за бунт, насилство и злоупотреба на државни средства, како и за усвојувањето на декларацијата за независност на Каталонија кон крајот на октомври.