-->
-->
Уапсени три лица во Гостивар - Пронајдена и одземена марихуана
-->

На 05.12.2024 во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар.
При претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемено нивото на Преспанското Езеро, се намалуваат водостоите на реките
-

Радев: Одиме на избори
-

„Стоп за Усје“ повторно на блокада во среда
-

Трамп вели дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа
-

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност
-

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
-

Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска
-

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
