Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнале двајца вработени во АД „Бутел“ со боксирачи и ножеви

На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје - гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож).
Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати.
Тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
