Уапсени седум лица поради нападот во Кајсери
Турските власти денеска приведоа седум лица, а трагаат по уште пет луѓе поврзани со денешниот напад со автомобил-бомба во Кајсери, при што загинаа 13 војници.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во нападот повредени се 55 лица.
Инцидентот се случил на автобуска постојка кога еден автомобил, наполнет со експлозив, експлодирал во момент кога автобусот минувал покрај него. Со автобусот патувале цивили и воени лица кои не биле на должност.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека вооружената група Курдска работничка партија (ПКК) е одговорна за денешниот напад.
Тој истакна дека „сепаратистичката терористичка организација“ е одговорна за нападот, додавајќи дека такви напади би можеле да се поврзани и со настаните во Ирак и во Сирија.
Премиерот Бинали Јулдирим потврди дека нападот во Кајсери бил извршен од бомбаш-самоубиец, оценувајќи го како злосторство против човештвото.
Инцидентот се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација