Балкан
28. December 2016 - 18:51

Уапсени се турски војници поради наводни врски со организацијата на Ѓулен

Во Анкара се уапсени 34 турски војници под обвинение за наводни врски со организација на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а турска Влада го обвинува за обидот за преврат во јули, јави ДПА. 

Дваесет и шестмина од уапсените се жандарми, додека останатите се припадници на военовоздушните и военоморските сили. 

Операцијата за апсење била спроведена во 22 турски окрузи. 

Според официјалните податоци повеќе од 40.000 лица се уапсени по обидот за преврат.