Свет
6. September 2017 - 15:55

Уапсени се шестмина терористи во Шпанија и Мароко

Шпанските и мароканските власти уапсија шест џихадисти кои се подготвувале да извршат неколку терористички напади, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи. 

Шпанската и мароканската полиција разбија терористичка организација составена од шест членови, се наведува во соопштението. 

Петмина од уапсените лица се Мароканци, а еден е Шпанец со мароканско потекло, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија. 

Истрагата потврди дека шестмината теротисти планирале напади во двете земји, регрутирање на нови членови, се обучувала за напади со нож и организирале тајни состаноци, се наведува во соопштението.