Македонија
17. May 2022 - 16:33

Уапсени родители и белгиски државјанин за трговија со 13-годишно девојче

Родители од Скопје за 2.500 евра ја продале својата 13-годишна ќерка на Белгиец за наводно да склучат присилен брак.

38 -годишниот белгиски државјанин од лани истражувал на интернет каде лесно може да користи сексуални услуги од дете и ја одбрал нашата земја. Стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со родителите на детето жртвата.

Во февруари годинава кога прв пат дошол во државата на скопскиот аеродром го пречекале осомничените родителиж. Од тогаш до вчера во неколку наврати сексуално го искористувал девојчето. Во ова му помагале родителите на малолетната жртва кои дозволиле да престојува во куќата во која живееле со нивните 6 деца.

-Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето, соопшти обвинителството.

Педофилот од Белгија и родителите на девојчето на 33 и 34 годишна возрат во нивните намери биле откриени вчера од страна на полицијата. Белгиецот бил уапсен на скопскиот аеродром. Денеска на предлог на јавен обвинител судија на претходна постапка на сите тројца им определи по 30 дневен притвор.

За ова дело на белгиецот му се заканува 14. за родителите по 10 години затвор.