Уапсени прилепчанец и двајца тетовчани - нападнале полициски службеници
Вчера во два различни случаи, едниот во Прилеп а другиот во Тетово се уапсени три лица кои физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства. Во соопштението од МВР стои:
На 09.05.2020 околу 21,00 часот на бензинската пумпа на ул.Прилепски бранители во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп за време на забраната за движење бил лишен од слобода Г.К.(43) од Прилеп, бидејќи физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејства. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, на 09.05.2020 во 17,00 часот во с.Радиовце од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Ж.М. и В.М. (68) од с.Радиовце бидејќи истите омаловажувале и со секира и дрвен предмет физички нападнале полициски службеници при нивно редовно вршење на работи на безбедноста. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор