Уапсени поради правење метамфетамини: Професори готвеле мет на факултетот исто како во серијата
Двајца професори по хемија во Арканзас се уапсени и обвинети за правење метамфетамини, силна синтетичка дрога која брзо создава зависност кај корисниците.
Необичниот случај многу потсетува на заплетот од популарнаа серија „Breaking Bad“, во која професор по хемија заболен од рак на белите дробови почнува да ја прави популарната дрога мет и се впушта во судир со моќните мексикански нарко - картели.
Тери Дејвид Бејтмен (45) и Бредли Ален Роуленд (40), вонредни професори по хемија на државниот универзитет Хендерсон во Аркаделфија (Арканзас), се уапсени во петокот попладне, потврди канцеларијата на шерифот. Против нив се покренати обвиненија за производство на метамфетамини и користење на дрога.
- Кабинетот за наука на универзитетот е затворен на 8 октомври откако е пријавено истекување на хемикалии. Зградата повторно е отворена на 29 октомври, кога агенцијата за заштита на животната средина ја заврши деталната контрола и замена на системот за филтрирање на воздухот - рече Тина Хол, потпретседател на универзитетот за комуникации.
Таа не сакаше да го коментира инцидентот со истекување на хемикалии, како ни наводите на локалните медиуми дека уапсените професори готвеле метамфетамин во просториите на универзитетот.
-Уапсените професори се водат на привремено отсуство уште од 11 октомври, додаде таа.
Полицијата наведе дека истрагата е во тек и дека судија ќе одлучи дали уапсените професори ќе бидат пуштени со кауција за да се бранат од слобода.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
- Ѕвездите на серијата „Breaking Bad“ се професорот Волтер Вајт и ситниот криминалец Џеси Пинкман
- Метот кои тие го прават е со сина боја, а во серијата тоа всушност била тврда бонбона.
- Во текот на петте сезони од серијата снимени се вкупно 62 епизоди
- Во серијата се ликвидирани вкупно 270 лица, или повеќе од 4 по епизода.
Серијата освои вкупно 16 Еми награди идва Златни глобуси
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина