Македонија
27. September 2020 - 11:28

Уапсени пет лица во Струмица - полицијата кај нив пронашла дрога

Вчера во 23.00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б.(19),  Ј.К.(20), Ј.П.(26), Г.М.(22) и Ф.М.(22), сите од Струмица, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, таблетки со виолетова боја и дробилки, соопштија од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.