Свет
30. September 2017 - 12:01

Уапсени околу 240 мигранти во Едрене при обид да ја напуштат Турција

Вкупно 236 мигранти биле уапсени од турските власти во областа Едрене при обид илегално да ја напуштат територијата на Турција, објавија турските медиуми.

Мигрантите, кои имале намера да влезат во Грција, се по потекло од Сирија, Алжир, Мароко, Пакистан, Индија, Авганистан, Ирак, Виетнам и Бангладеш.