Македонија
30. April 2020 - 9:26

Уапсени Македонци во обид да избегаат од карантин во Бугарија

Двајца мажи со македонско и со бугарско државјанство биле уапсени на 27 април на границата меѓу Бугарија и Македонија поради бегство од карантин за Ковид-19.

Тие влегле во Бугарија на граничниот премин Видин со Романија, каде што им биле издадени решенија од Регионалната здравствена инспекција за задолжителен карантин од 14 дена.

Карантинот требало да го спроведат на нивната постојана адреса во селото Логодаж кај Благоевград. Но, наместо да престојуваат таму, тие го напуштиле уште истиот ден и заминале во зградата на сообраќајната полиција во градот, каде што регистрирале автомобил.

Вчера околу 13 часот двајцата мажи пристигнале на граничниот премин Ѓуешево, со цел да ја поминат границата, но таму биле притворени.

Двајцата се обвинети за направени прекршоци според член 355, став 2 од Казнениот закон и по барање на Регионалното обвинителство во Благоевград изречен им е притвор од 72 часа.