Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“
Атинскиот синдикат на новинари (ЕСХЕА) денеска изрази „длабока загриженост“ за климата што беше создадена по вчерашното апсење на издавачот и на директорот на весникот „Параполитика“, под обвинение за клевета и обид за изнудување.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ваквите обвиненија ги поднесе лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.
- Бордот на ЕСХЕА е длабоко загрижен за климата што се создаде поради интервенцијата на органите на прогонот во канцелариите на новинарите. Новинарство мора да се практикува со одредени правила, но сите мора да ја бранат и да ја штитат слободата на печатот, стои во соопштението на Синдикатот.
Во меѓувреме, некои грчки медиуми јавија дека издавачот и директорот на „Параполитика“ најверојатно денеска ќе бидат пуштени од притвор. Тие во наредните неколку дена треба да се појават пред обвинител.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја оби пратеничката канцеларија на Лефков
-
Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е разбиена неговата пратеничка канцеларија во Кочани
-
Утре влажен бран со силен ветер и врнежи над 20 литри на метар квадратен
-
Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување
-
Меѓународна полициска акција во БиХ
-
Нова промена на цените на горивата
-
Големи поплави во Кина | ВИДЕО
-
Модриќ: На чекор сме до титулата