Македонија
6. јуни 2019 - 11:18

Уапсени Хрват и двајца Македонци со голема количина кокаин

Во 15:20 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал 40-годишниот П.Ц. од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од селото Вруток, гостиварско.

Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.