Уапсени две лица во Штип - полицијата расчисти пет тешки кражби
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела „тешка кражба“ извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при Клиничката болница Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, додека три на почетокот на март годинава.
Како што информираат денеска од МВР, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.М.(34) и СС.(26) двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Утре во Скопје изменет сообраќаен режим
-
Лефков: Законите за коридорите поминаа со европско знаменце и злоупотреба на македонското Собрание
-
Путин ја повлече Русија од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа
-
Србија: Просветната инспекција предложи разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“
-
Пендаровски: Никогаш не сум калкулирал со поддршка за нов мандат
-
СПМ: Пендаровски со потпишувањето на законите за Бехтел и Енка потврди дека го претставува ДУИ И СДС
-
Кривични за двајца велешани - продавале празни ЦД-а за учење на странски јазици
-
Уапсен малолетник во Скопје: Го искршил стаклото од книжара, влегол внатре и одзел пари