Македонија
5. January 2021 - 10:57

Уапсени две лица на Средно Водно откако кај нив била пронајдена марихуана

На 01.01.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Средно Водно ги лишиле од слобода И.Д.(28) и Д.С.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, соопштија од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.