Македонија
23. September 2016 - 14:27

Уапсени две лица кои се барале долго време со потерница

 
Уапсени две лица кои се барале долго време со потерница. Во 14 часот на Граничниот Премин Аеродром „Александар Велики“ - Скопје како депортирано лице допатувал 31-годишниот Х.С. од селото Арнакија, скопско. По извршена проверка констатирано е дека лицето  евидира  со мерка “Апси“.  
 
Исто така, еден час подоцна, во 15 часот на „Аеродром Александар Велики“ Скопје како депортирано лице пристигнал 41-годишниот С.А.  од Романовце, кумановско. По извршена проверка констатирано е дека лицето евидира со мерка „Апси“.
 
Двете лица се лишени од слобода.