Македонија
21. December 2019 - 11:07

Уапсени две лица, дома имале марихуана

На 20.12.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Г.(33) од с.Таор и С.Д.(19) од Скопје, затоа што при претрес во нивните домови во с.Таор и населбата Драчево, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.