-->
-->
Уапсени дваjца судии на Уставниот суд во Турција
-->
Двајца членови на Уставниот суд на Турција, кои беа притворени по акцијата на властите во врска со обидот за преврат минатата седмица, се задржани на понатамошен распит, јави денеска приватната телевизија НТВ.
Околу 60.000 воени лица, полицајци, судии, државни службеници, професори и наставници беа отстранети од своите работни места. Некои од нив се уапсени, а против некои се води истрага, откако на 15 јули една фракција на армијата се обиде да изврши преврат.
Двајцата уставни судии се дел од 113-те вработени во Судот, кои вчера беа уапсени. Официјално е покренато обвинение и против на аѓутант на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, посочува НТВ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени