Македонија
21. January 2021 - 16:25

Уапсени двајца скопјани кои нападнале полициски службеник на Бит Пазар

Вчера околу 22,20 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода А.А.(21) и Ш.А.(22) двајцата од Скопје, бидејќи едното од лицата агресивно се однесувало, додека другото физички нападнало полициски службеник при вршење на службени дејствија, соопштуваат од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.