Македонија
1. October 2020 - 10:46

Уапсени двајца скопјани кај кои полицијата пронашла дрога

Вчера во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ го лишиле од слобода Х.Б.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Исто така вчера полициски службеници од СВР Скопје во близина на Катланово го лишиле од слобода М.Ѓ.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.