Македонија
6. March 2020 - 12:07

Уапсени двајца скопјани кај кои била пронајдена марихуана

Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Јурумлери, скопско, го лишиле од слобода С.С.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така  во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Идризово, скопско, го лишиле од слобода В.А.(29) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.