Уапсени двајца полицајци, двајца цариници и тројца Албанци на Ќафасан - шверцувале стока набавена во Македонија
На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Северна Македонија.
– Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа, информира албанската полиција.
Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.
Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.
Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.
Ново на Сител
-
Николоски се сретна со Ламбе: Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец
-
Загинаа две лица откако врз нив падна кран - МВР со детали за несреќата
-
Пукање во Ласкарци: Убиен 34-годишник
-
Ковачевски: Присуството на Шарл Мишел значи поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија
-
Мицевски: Ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките, утре прва средба
-
Ковачевски: Собранието ќе ја донесе одлуката дали ќе отпочнеме преговори со ЕУ
-
Ковачевски: МВР ме информираше дека на протестите се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО
-
Ќе ја убијат ако им земе пари, браќа од Врапчиште се заканувале на извршителка